набеснее се | св.

Беснее доволно, до задоволување.

набивач | м.

Направа за набивање на колови, земјени маси и друго.

набие | св.

Настега, израмни со тапкање, со газење. Добро ја наби земјата околу коренот.

набиен | прид.

Нагмечен, повреден. Набиени јаболка. Раката му е набиена.

набиеница | ж.

Набиено место на некој дел од телото. Има набиеница на ногата.

набира | несв.

набишка | св.

Втера свиња во кочина, во свињарник. Ги набишка свињите.

наблажи | св.

Облажи нешто малку. Си ги наблажив прстите.

наблажне ми | св.

Почувствува од нешто малку благ вкус. Ми наблажна виното.