пчела | ж.

Инсект опнокрилец што дава мед; Apis mellifica. Рој пчели. Пчели работнички.

пчелар | м.

Лице што се занимава со одгледување пчели.

пчеларка | ж.

Вид птица што се храни со пчели; Merops apiaster.

пчеларник | м.

Место каде што се чуваат кошници, сандаци со пчели.

пчеларство | ср.

Стопанска гранка што се занимава со одгледување пчели заради добивање мед, восок, матичен млеч и др.

пчелен | прид.

Што се однесува на пчела, што е од пчела, што е производ од пчела. Пчелно семејство. Пчелин восок

пчелинок | м.

Лековита билка со пријатен мирис на мошус; Marrubium vulgare.

пченица | ж.

Житно растение со тенко стебленце и плод од зрна во клас; Triticum sativum. Бела пченица. Зимна пченица. Пролетна пченица.

пченичен | прид.

Што е од пченица. Пченичен леб. Пченично брашно.