рустикален | прид.

Селски, рустичен. Рустикална куќа.

рустичен | прид.

Што се однесува на рустика; што е направен грубо, едноставено, без фина обработка; селски. Рустични елементи. Рустични садови од керамика.

рута | ж.

Крпа, партал, облека што е како партал;

рути | несв.

Крши, урива. Рутат сè пред нив.

рутина | ж.

Вештина во работењето стекната со искуство, со вежбање. Таа работа бара рутина. Уште нема рутина во работењето. Таму стекна рутина.

рутинер | м.

Човек што има рутина, извежбан, навикнат на нешто, опитен човек. Тој е политички рутинер. Тој се експонира како извонреден рутинер.

рутинерство | ср.

Особина, пројава, постапка на рутинер. Кога неговата комика е прочистена од познати ефекти, од шаблон и рутинерство, таа донесува нови тонови.

рутиниран | прид.

Што е извежбан, опитен, што има рутина. Од говорницата се чу рутинираниот глас на спикерот.

рутински | прид.

Што се прави по рутина, по вообичаен ред и постапки. Рутинска контрола. Рутинска воена вежба.

рутиште | ср.

Облека, руво. Бели бисери на зелени рутишта ‒ загатка со значење роса. Беше во градски рутишта.