работодавец | м.

Тој што дава работа, што вработува, што наема работна сила. Работодавецот им ја исплати платата на вработените.

работоспособен | прид.

Што е способен за работа. Сите работоспособни луѓе се вклучија во акцијата.

рабуш | м.

Во минатото ‒ стапче за бележење на сметката при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата). Ги бележи туѓите долгови на рабуш и трпеливо чека. Никој не сакаше да најде место на неговиот рабуш.

рабушлија | прид.

Што е изрецкан како рабуш; Рабушлија пиперка.

раван | м.

Начин на одење на коњ, при кој се чекори истовремено прво со двете десни нозе, а потоа со двете леви, независно од тоа дали чекори или е во кас.

раванија | ж.

Вид ориентален колач прелиен со шербет.

равен | прид.

равенка | ж.

Два еднакви математички изрази, поврзани со знакот на еднаквост, од коишто може да се пресмета една непозната количина. Равенка со една непозната.