цвичи | несв.

За прасе, куче и сл. ‒ испушта карактеристични звуци на цвичење поради глад, болка и сл.; квичи. Кучето мавташе со опашката и цвичеше.

цвичлив | прид.

Што личи на цвичење. Цвичлив шепот.

цволи | несв.

цволика | ж.

(бот.) Едногодишна или двегодишна отровна билка со непријатен мирис и лист сличен на магдонос; Conium maculatum L.

цврка | несв.

цвркот | м.

Звуците што ги испуштаат некои мали птици (врапци и сл.) или инсекти; цвркотење. Цвркот на врапци. Цвркот на штурци.

цвркотен | прид.

Што е сличен на цвркот, што се огласува со цвркот. Цвркотна песна.

цвркоти | несв.

За птици и инсекти ‒ испушта цвркот. Цвркотеа птици во грмушките.

цвркотлив | прид.

Што многу цвркоти. Цвркотливи врапчиња.