цвркотник | м.

Птица што цвркоти. Над нив летаа цвркотници.

цвркотница | ж.

Птичји звуци; цвркот. Се слушаше цвркотница.

цврст | прид.

а) Тврд, отпорен на удар и на притисок, траен, што лесно не се распаѓа, не ја менува својата форма и големина за разлика од течен и гасовит. Цврста состојба. Цврсти тела. б) Што тешко се меша, се меси, што е тврд, густ. Цврста храна. Цврсто тесто. Цврсти горива.

цврстина | ж.

Својство, состојба на тоа што е цврсто; јакост, издржливост. Цврстина на телото. Цврстина на дрвото.

цврцалче | ср.

Дел од шишенце или пагурче што се става во устата при пиење. Го тргна цврцалчето и ја избриша устата.

цврцка | несв.

Пие по малку, голтка по голтка; Седеше сам и си цврцкаше од шишето.

цврцнат | прид.

Што е пивнат, поднапиен. Цврцнат старец.

цврцне | св.

Се напие малку, испие алкохол во помала мера; Цврцна од пагурчето.

цврчи | несв.

цвркоти_1