центрипетален | прид.
Што е насочен при движењето од периферијата кон центарот; Центрипетална сила.
центрира | св. и несв.
Смести, сместува нешто во центар, во средина; доведе, доведува делови од нешто во правилен однос кон други делови. Ја центрира стрелата во целта. Ги центрираше тркалата од возилото.
центрист | зам.
Тој што е определен за политиката на центарот;
центрифуга | ж.
Машина, апарат што служи за извлекување густа материја од течности или за истискување вода од тврди материи со помош на центрифугална сила. Рачна центрифуга. Центрифуга за мед. Центрифуга на машина за перење.
центрифугален | прид.
Што е насочен во движењето од центарот кон периферијата; Центрифугална машина. Центрифугално движење.
центурија | ж.
Војнички одред од сто луѓе во Стариот Рим.
центурион | м.
Заповедник на центурија;
ценува | несв.
цеп | м.
цепнатина.
цепаница | ж.