центархалф | м.
Играч што игра во средината и ја организира одбраната во фудбал. Центархалфот добро го одигра мечот.
централа | ж.
Главна служба, седиште на највисоката власт или управа на некоја установа, банка, претпријатие, организација и др.; филијала. Централа на банка. Централа на фирма.
централен | прид.
Што се наоѓа, што е сместен во центарот на нешто. Централна точка. Централен плоштад. Централен дел.
централизам | м.
Систем на управување или организација во која месните, локални органи им се потчинети на централната, раководна власт. Надвладеаја приврзаниците на централизмот.
централизација | ж.
Систем на управување во кој целата власт е сконцентрирана во еден центар, во еден управен орган на власта. Успешно спроведена централизација.
централизира | св. и несв.
Сосредоточи, сосредоточува во еден центар; обедини, обединува во едно место. Тие го централизираа управувањето со фабриката.
централист | м.
Приврзаник на централизмот. Беа прогласени за централисти.
централистички | прид.
Што се однесува, што припаѓа на централизам и на централист. Централистичко уредување. Централистичка власт.
Централноафриканска Република | ж.
Држава во Африка.
центризам | м.
Политичка определба и дејствување со ориентација кон центарот во однос на десницата и на левицата.