цепач | м.

Тој што цепи дрва, што се занимава со цепење дрва. Цепачите работеа неуморно.

цепелин | м.

Воздушно летало со труп наполнет со гас полесен од воздухот што се движи со мала брзина. Лет со цепелин.

цепеница | ж.

Големо расцепено дрво за горење. Распламтени цепеници. Букови цепеници.

цепи | несв.

Сече дрво по должина удирајќи со остар предмет (со секира и сл.); сече дрва на помали парчиња погодни за огрев. Цепеше дрва во шумата. Ги цепи дрвата со секира.

цепивлакно | ср.

Лице што испитува до ситници, до најмалите детали; ситничар. Ја сметаа за цепивлакно.

цепка | несв.

Цепи на ситни парчиња, дели на ситни делови. Ги цепкаше дрвцата во дворот. Цепкаше борина.

цепка | ж.

цеп.

цеплив | прид.

Што може да се цепи. Цепливо дрво. Цепливо платно.

цепнатина | ж.

Долг и тесен отвор во нешто направен со цепење; пукнатина. Ѕиркаше низ цепнатините на штиците.

цепне | св.

Цепи еднократно или не многу;