цепник | м.
Дебело дрво на кое се цепат дрва. Седеше на цепникот.
цепотина | ж.
цепутина | ж.
цепутка | ж.
цепнатина.
цепци | и.
Делови на разбој; штичиња или дрвени плоснати прачки за разделување на основата меѓу задното кросно и ништите.
цепче | ср.
цер 1 | м.
Вид даб; Quercus cerris. Паднал од цер. Ниски церје.
цер 2 | м.
Средство за лекување, лек. За таа болест нема цер.
церада | ж.
Восочно платно.
церебрален | прид.
Што се однесува на мозокот; мозочен. Церебрален удар. Церебрална парализа.