церека се | несв.
Се кикоти. Се церекаше од смеа.
церемонија | ж.
Однапред пропишани или традиционално утврдени правила на однесување и ред на постапки при некоја свеченост. Свадбена церемонија. Црковна церемонија.
церемонијал | м.
Утврден ред од настани, обичаи или обреди што треба да се почитуваат во текот на некоја свеченост; службено утврден распоред за текот на свеченоста. Традиционален церемонијал.
церемонијален | прид.
Што се однесува на церемонијал. Церемонијален говор.
церемонијал-мајстор | м.
Лице што раководи со церемонија. Се покажа како добар церемонијал‒мајстор.
цери | несв.
церика | ж.
Церово дрво. Сечеше церика.
Церипашина | ж.
Планински врв во Македонија.
цери се | несв.
Се смее. Девојките си шепотеа нешто и се цереа.
церов | прид.
Што се однесува на цер1, што е од цер1. Церови лисја. Церови штици.