цилунка | ж.
Вид сушена риба. Чинија со цилунки.
цимбал | м.
Вид музички инструмент во облик на трапез со повеќе жици по кои се удира со дрвени чеканчиња замотани во кожа. Свиреше на цимбал.
цимбалист | м.
Тој што свири на цимбал. Познат цимбалист.
цимер | м.
Потстанар во заедничка соба. Беа тројца цимери.
цимет | м.
(бот.) Вид тропско растение од семејството на лаврите; Laurus cinnamomum. Листови од цимет.
циметен | прид.
циметов | прид.
Што се однесува на цимет, што е од цимет. Циметово дрво. Циметова кора.
цимка | несв.
цимоли | несв.
Плаче со придушен глас. Детето цел ден цимолеше. Тој цимолеше тажно.
цимолка | несв.
Цимоли малку, по малку. Жената тивко цимолкаше.