цикличен | прид.
Што се движи, што се извршува во еден циклус, во круг, што се повторува во определени интервали, циклуси. Цикличен развој. Циклична промена. Циклични движења.
циклички | прид.
циклон | м.
Виорно движење на воздухот во атмосферата, воздушен вител, бура, луња. Силен циклон. Пустински циклони.
циклостил | м.
Машина, направа за умножување текстови. Букварот е отпечатен на циклостил.
циклус | м.
Збир на меѓусебно поврзани појави што се развиваат и се повторуваат по еден утврден ред и во определен временски период. Сончев циклус. Вегетациски циклус. Дождливи циклуси.
цикне | св.
За птици ‒ пушти силен, продорен глас. Птицата цикна и одлета.
цикорија | ж.
(бот.) Повеќегодишно растение со долго и исправено стебло, ситни долгнавести листови и сини цветови, расте покрај патишта, по ливади, жита и сл.; Cichorium intybus. Дива цикорија. Култивирана цикорија.
цикцак | прил.
Во форма на повеќекратно прекршена линија. Цикцак-линија. Одеше цикцак.
цилиндар | м.
Вид геометриско тело со две еднакви кружни површини поврзани со валчеста обвивка; валјак. Обем на цилиндар.
цилиндричен | прид.
Што има форма на цилиндар