цинизам | м.

Филозофско учење на старогрчката школа на циниците.

циник | м.

(истор.) Припадник на старогрчката школа на филозофот Антистен која не ги прифаќала моралните норми засновани на општествените вредности.

циничен | прид.

Што пројавува, изразува цинизам, што е непристоен, бесрамен, зајадлив. Циничен автор. Циничен поглед. Цинични зборови.

цинички | прид.

Што се однесува, што припаѓа на циник. Цинички сфаќања.

цинк | м.

Метал со синкавобела боја, хемиски елемент; симбол Zn. Канта од цинк.

цинквајс | м.

Бел прав, цинково белило, се употребува за добивање бела боја. Во сликањето користеше цинквајс.

цинков | прид.

Што содржи цинк, што има цинк. Цинкова руда. Цинков оксид.

цинкограф | м.

Специјалист по цинкографија.

цинкографија | ж.

Постапка, техника на втиснување слики или букви во цинкови плочи заради печатење.

цинкува | несв.

Прекрива, премачкува нешто со цинк. Ги цинкуваше старите делови.