цитира | св. и несв.
Наведе, наведува усно или писмено нечии зборови или делови од текст. Тој често ни цитираше стихови од познати поети. Весниците ја цитираа изјавата на министерот.
цитоплазма | ж.
Основен дел од живата клетка во кој се наоѓа јадрото, безбојна, проѕирна и полутечна материја, една од најважните во природата од која зависи настанувањето на животот.
цитра | ж.
Вид жичен музички инструмент. Свири на цитра.
цитрон | м.
(бот.) Суптропско зимзелено овошно дрво со трнливи гранки, големи, кожести и јајчести листови, бели цветови и големи, тркалезни, светложолти плодови со сочно жолто или црвено месо и горко-киселкав вкус; грејпфрут; Citrus paradis. Расцутени цитрони.
цитронада | ж.
Освежителен безалкохолен пијалак од цитронов сок и вода. Ладна цитронада.
цитронка | ж.
цитрусен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на цитруси. Цитрусни растенија. Цитрусно овошје.
цитруси | и.
Општ, заеднички назив за овошни дрвја со вечнозелени лисја и бели мирисливи цветови чии плодови содржат етерични масла (лимон, зелен лимон, портокал, мандарина, цитрон и др.). Цитрусите растат најбавно.
цитрусов | прид.
циун | м.