цифарски | прид.

цифка | несв.

цифра | ж.

Условен, договорен писмен знак за број; бројка, броен знак. Арапски цифри. Римски цифри.

цифрен | прид.

Што е означен со цифри. Цифрен израз.

цифун | м.

Тесна цевка низ која тече вода и сл.

циц | м.

Вид памучна шарена ткаенина; басма. Кошула од циц.

цица | несв.

За дете, за младенче ‒ шмука млеко од мајка (од гради/виме). Бебето лакомо цицаше. Цицачите цицаат млеко.