цицалка | ж.

Направа за цицање течност, воздух и сл.

цицалче | ср.

Дете или младенче што цица, што се дои или се храни со цицање. Дете цицалче. Јагниња цицалчиња.

цицач | м.

(зоол.) Класа 'рбетници (човекот и животните) што ги хранат своите млади со млеко; Mammalia. Копнени цицачи. Диви цицачи.

цице | ср.

цицен 1 | прид.

Што се однесува на циц, што е од циц. Цицен фустан. Цицена завеса.

цицен 2 | прид.

Што се однесува на цицка. Цицни жлезди. Машината за молзење крави има четири цицни чашки.

цицер | м.

Вид печатарски букви.

циција | м.

Скржав човек, скржавец. Голем циција.

цицилак | м.

Особина на скржав човек, скржавост.