црвеница | ж.

Црвена земја. Грутка црвеница. Сува црвеница.

црвенка | ж.

Крупна црвена пченица.

црвено- | претс.

Како прв дел од сложен збор означува дека тоа што е именувано со вториот дел има црвена или црвеникава боја: црвенобрад, црвенокож, црвенокос итн.

црвеноармеец | м.

Припадник на Црвената армија. Црвеноармејците парадираа низ градот.

црвенобрад | прид.

Што има црвеникава, лисеста брада; Црвенобрадест старец

црвеногушка | ж.

Мала сива појна птица, слична на врапче, со портокаловоцрвени гради; Erithacus rubecula.

црвенокож | прид.

Што има црвеникава кожа. Црвенокожо момче.

црвенокожец | м.

Тој што има црвеникава кожа. Сите во семејството беа црвенокошци.

црвенокос | прид.

Што има црвеникава, лисеста коса; Црвенокоса девојка.