црв | м.
(зоол.) Вид животно, безрбетник, со долгнавесто и меко тело што се движи со влечење; ларва, кукла од безрбетник. Јаболков црв. Дождовни црви. Лазат црвје.
црвек | м.
црвен | прид.
Што има боја на крв. Црвен фустан. Црвено знаме. Црвени домати.
црвендалест | прид.
За човек ‒ што има црвеникаво, румено лице. Црвендалеста жена.
црвенее | несв.
Станува црвен, румен, добива црвена, румена боја. Лицето му црвенееше од возбуда. Кожата ми црвенее од јако сонце. Ученикот црвенееше пред професорот.
црвени | несв.
црвеник | м.
Народен назив за месеците јуни и јули.
црвеника | ж.
Вид црвена земја; црвеница.
црвеникав | прид.
Што има боја блиска до црвената. Црвеникав одблесок. Црвеникава коса. Црвеникави дамки.
црвенило | ср.
Црвена, румена боја, обично на лице, усни и сл.; руменило. Лицето ѝ го облеа црвенило. Образите му пламтеа во црвенило.