црвенокрил | прид.

Што има црвеникави крилја (обично за инсекти). Црвенокрила пеперутка.

Црвено Море | ср.

Море во Азија, меѓу Северна Африка и Арабискиот Полуостров.

црвеноперка | ж.

Вид риба со црвени перки; Scardinius erythropthalmus. Во мрежата имаше црвеноперки.

црвеношијка | ж.

Вид птица со црвеникави пердуви околу шијата и на градите; Erithacus rubeculus. Ја слушаше песната на црвеношијката.

црвенушка | ж.

Вид црвено јаболко. Зрела црвенушка.

црви | несв.

Премачкува, бојадисува со црвена боја, со црвило. Ги црвеше образите. Ги црви усните. Ги црват јајцата.