црвило | ср.

(само едн.) црвенило_1

црвлив | прид.

Што има црви, што е разјаден од црви. Црвливо сирење. Црвливи плодови.

црвојаднина | ж.

Разјадено, шупливо место, дупка, направена со движење или со гризење на црв во дрво, плод и сл. Дрво со црвојаднина.

црволик | прид.

Што личи на црв. Црволика форма.

црвоса | св.

Фати црви, стане црвлив. Сувите смокви црвосаа.

црвосан | прид.

црвосаница | ж.

Нешто што е црвосано, црвливо. Тоа не е дрво, туку црвосаница.

црвоточен | прид.

Што има црвојаднина. Црвоточна куќа. Црвоточни штици.