црвоточина | ж.

црвојаднина.

црвче | ср.

цревар | м.

Тој што преработува или продава црева од заклан добиток. Работи како цревар во кланица.

цреварство | ср.

Професија, занимање на цревар.

цревен | прид.

Што се однесува на црево. Цревна зараза. Цревни паразити.

цревиште | ср.

Аугументатив од црево.

цревја | и.

Вид плитки чевли. Правливи цревја.

црево | ср.

(анат.) Дел од органите за варење во вид на мека и растеглива цевка сместена во утробата на човекот или на животно низ која поминува храната. Тенко црево. Дебело црево. Слепо црево. Јагнешки црева.

цревоугодник | м.

Тој што сака и може многу да јаде, изеслив, ненаситен човек. Беше и остана цревоугодник.