црека | несв.

црекало | ср.

Лице што многу црека. Молчи црекало!

црекне 1 | св.

Викне, вресне, писне. Жените црекнаа во дворот.

црекне 2 | св.

Напие, испие малку течност. Црекни некоја капка ракија.

цремша | ж.

Дива цреша, черемуша; Prunusmahaleb.

црен | м.

Рожна дршка од нож. Скршен црен.

цреп | м.

ќерамида.

црепна | ж.

Земјен сад во вид на тепсија што служи за печење леб; Жешка црепна. Леб од црепна.