црнило 1 | ср.
Хемиско средство за црнење; белило 2. Купи црнило за бојадисување на оградата.
црнило 2 | ср.
црнина | ж.
Темнина, мрак. Гледаше во црнината на небото. Недовидлива црнина.
црница | ж.
(бот.) Овошно дрво со назабени јајчести листови, од кои се хранат свилените буби, цветови во вид на реси и мали, сочни, јагодести плодови со бела или со темновиолетова боја; Morus sp. Во дворот имаше црница. Седеше под сенката на црницата.
црничов | прид.
Што припаѓа, што се однесува на црница, што е од црница. Црничови лисја. Црничова ракија.
црничок | прид.
црнка 1 | ж.
црнка 2 | ж.
Припадничка на црната раса. Убава црнка.
црнкавест | прид.
црнкиња | ж.