црно‒ | претс.

Како прв дел од сложен збор означува дека тоа што е именувано со вториот дел има црна или црникава боја: црнобрад, црнокос, црнокрил, црноок итн.

црно‒бел | прид.

Што е со/во црна и бела боја. Црно-бел телевизор. Црно-бела слика.

црноберзијанец | м.

Човек што се занимава со црна берза, со недозволена трговија. Заработуваше како црноберзијанец.

црноберзијански | прид.

Што се однесува на црноберзијанец и на црна берза. Црноберзијанска стока.

црноборка | ж.

Стебло на црн бор.

црнобрад | прид.

Што има црна брада. Црнобради старци

црноглавка | ж.

Лековита самоникната билка со виолетови цветчиња; Brunella vulgaris.

црногледец | м.

Тој што гледа црно, мрачно, безнадежно на животот; песимист. Животот ме направи црногледец.

црногорец | м.

Стар неженет човек. Во селото има многу црногорци.