црногорица | ж.

Зимзелена иглолисна шума. Планинска црногорица.

црногорка | ж.

Вид народно оро. Младите ја заиграа црногорката.

црно-жолт | прид.

Што е со/во црна и жолта боја. Црно-жолт џемпер.

црно-зелен | прид.

Што е со/во црна и зелена боја. Црно-зелена шамија.

црноземен | прид.

Што се однесува на црнозем. Црноземни грутки.

црнок | м.

Црн даб; Quercus sessilifora.

црнокапец | м.

Погрден назив за духовно лице.

црноклас | прид.

За пченица ‒ што има црн осил во класот. Црнокласа пченица.

црнокласица | ж.

Пченица со црн осил во класот. Изрони црнокласица.