црнокож | прид.
Што има црна, црникава кожа. Црнокожо дете.
црнокос | прид.
Што има црна, црникава коса. Црнокоса девојка.
црнокошулец | м.
Италијански фашист, според црната кошула како дел од униформата на фашистичкото движење. Група црнокошулци.
црнокрил | прид.
Што има црни крилја. Црнокрила птица.
црномазен | прид.
Црно Море | ср.
Море во Европа, го опкружуваат Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија и Турција.
црномурен | прид.
За човек ‒ што има црни очи и коса и потемна боја на кожата. Црномурна жена. Црномурни музичари.
црномурест | прид.
црноок | прид.
Што има црни очи. Црноока девојка.
црноперка | ж.
Стрела со црно перо. Го погоди со црноперка.