црњак | м.

Црно вино. Добар ти е црњакот!

црпи | несв.

Вади, извлекува вода, течност од длабочина или од нешто длабоко со црпалка или со посебна направа за вшмукување. Црпеа вода од езерото.

црпка | несв.

Црпи по малку. Детето си црпкаше вода од чашата.

црпка | ж.

Лејка или нешто друго приспособено како сад за црпење. Црпка за вода. Суви црпки.

црпне | св.

Извади вода, обично од некоја длабочина со сад. Црпна вода од изворот. Црпнаа вода од бунарот.

црпче | ср.

црта | несв.

а) Прави, повлекува линии по нешто. Црташе со прстот по замаглениот прозорец. Децата цртаа со боички по ѕидот. б) Прави цртеж, нацрт, план на нешто. Ја мереше земјата и црташе карта. Тие цртаа нов урбанистички план на градот.

црта | ж.

Тенка линија повлечена со молив, пенкало, остар предмет и сл. Права црта. Коса црта. Дебела црта.

цртан | прид.

Што е насликан, уметнички претставен. Цртан филм.