ѕенѕер | м.

Вид кајсија; Prunus armeniaca.

ѕиври | и.

Дел од машка долна облека, памучни гаќи со долги ногавици. Тој облече ѕиври и поткошула.

ѕид | м.

Вертикален дел од куќа, зграда и др. врз којшто лежи покривот или дел што го преградува внатрешниот простор. Варосан ѕид. Ѕидови без прозорци. Мала куќичка со четири ѕида од плитар. Дебели ѕидови од камен. Внатрешни ѕидови.

ѕида | несв.

Гради, прави ѕид (од камен, тула, бетон и сл.), куќа, зграда и др. Работниците мешаа малтер, ѕидарите ѕидаа. Ѕидаме нова куќа.

ѕидар | м.

Тој што ѕида ѕид, куќа и др.; занаетчија што се занимава со ѕидање, со градење куќи, згради и др. На сите катови се наоѓаа молери и ѕидари. Тој беше печалбар, ѕидар по занает.

ѕидарство | ср.

Ѕидарски занает; ѕидарска дејност.

ѕиден | прид.

Што е за на ѕид. Ѕиден часовник. Ѕиден календар. Ѕидна светилка. Ѕидни весници.

ѕидиште | ср.

Аугм. од ѕид. Високи, дебели ѕидишта.

ѕидоса | св.

Направи ѕид, огради со ѕид. Ѕидарите ѕидосаа. Мајсторот ѕидоса дел од оградата.

ѕин! | изв.

За подражавање на краткотраен звук со висок тон (обично се повторува повеќе пати со извикот – ѕан); Чашите ѕвечат ѕин, ѕин! Ѕин, ѕан, ѕин, ѕан, поѕвонуваше клопотарецот од овенот.