ќеманеџија | м.

Свирач на ќемане.

ќемер | м.

а) Кожен или платнен тесен појас со прегради за пари што се носи под облеката. Го одврза ќемерот и ги истури спечалените пари. Почна да го распашува појасот, а под него и ќемерот со парите. б) Тесен женски украсен појас.

ќемерлија | прид.

Што е со свод, засводен. Мост ќемерлија.

ќенар | м.

Раб, ѕид од камен со кои е обѕидан патот да не се руши.

ќепе | ср.

Вид капче.

ќепенок | м.

Горен или долен дрвен капак на врата, прозорец, излог од дуќан, од кои долниот капак дење служел како тезга или на него седеле трговецот или купувачите. Секоја вечер ги спушташе ќепенците на дуќанот. Мали продавници со целата стока извадена пред ќепенците. На ќепенците седеа дуќанџиите или нивните муштерии, пушејќи или пазарејќи.

ќептар | м.

Вид престилка, дел од женска облека што се носи над другата облека. Таа е во нов фустан со копринен ќептар одозгора.

ќепче | ср.

Црпалка.