џамадан | м.

Дел од народната носија; горна машка и женска облека, изработена од клашна, чоја или кадифе, долга до појасот, без или со ракави, украсена со гајтани, срма и др.

џамала | ж.

Обредна игра со машки маскирани поворки што се одржуваат во некрстените денови околу Стара Нова Година (14 јануари).

џамалар | м.

Учесник во обредната игра џамала; василичар. Џамаларите – старците за да изгледаат што пострашни и смешни се маскираат.

џамбаз | м.

Трговец со коњи, препродавач на коњи. Џамбазите ги трчаат кобилите што ги купиле пред еден, а ги продаваат по половина час.

џамија | ж.

Муслимански храм.

џамлак | м.

Излог, витрина. Ги нареди абите подалеку од џамлакот. Џамлаци гледаа на улица, и во нив саксии со сардели.

џамлија | ж.

Шарени џамлии.

џамлија | прид.

Што е од стакло; стаклен.

џамфес | м.

Вид свилена ткаенина што се прелева обично во две бои. Џамфес миндери.