аха-ха! | изв.
За изразување смеа, смеење. Аха-ха, види си ја устата!
ахчија | м.
ахчијница | ж.
ацетон | м.
Безбојна течност со силен мирис што служи за растворање бои, лакови и сл.
Ацтек | м.
Припадник на древен народ во денешно Мексико, Северна Америка.
ачик | прид.
немен. прид. Отворен, јасен, бистар. Ачик човек. Ачик работа.
ачиклија | прид.
Отворен човек.
аџамија | м.
Неискусно, младо лице.Таа беше аџамија, младо девојче што не го знае животот. Млади аџамии, улави, не знаат што прават.
аџамилак | м.
Неискусност, незрелост, неопитност.
аџи | претс.
Збор што се става пред името за означување дека се работи за човек што бил на аџилак.