адвокатура | ж.
Адвокатска дејност. Адвокатурата на млади години му донесе добра заработувачка.
Ад-дар ал-Бајда | ж.
Оригиналното име на Казабланка.
адекватен | прид.
Што е соодветен, еднаков, сразмерен на нешто. Адекватен поим. Адекватна примена.
Аденски Залив | м.
Залив во Индискиот Океан.
адет | м.
Обичај што станал некој вид закон за извесна средина; што се прави по обичај, традиција, од навика. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпеза пред гостите. Свадбарски адети. Колку за адет.
Адис Абеба | ж.
Главен град на Етиопија.
адитив | м.
Додаток, обично за подобрување на квалитетот на некои производи. Брашното е без адитиви. Моторното масло е со адитиви.
адитивен | прид.
Што служи за подобрување на квалитетот.
административец | м.
Лице што врши административни работи, што работи во администрација. Еден месец по дипломирањето го вработија како административец во судот во Скопје. Тој е обичен административец во нашата фирма.
администратор | м.
Управник, оној што управува, со установа, институција, административна област. Тој е администратор во еден хотел. Тогаш него го поставуваат за администратор на целата област.