адаптација | ж.
Преуредување, приспособување за определена функција. Зградата претрпе неколку адаптации.
адаптер | м.
Уред за адаптирање елементи, апарати и сл. за некоја нова, поинаква функција. Кон телевизорот приклучивме адаптер за да го заштитиме од ненадеен прекин на електричната енергија. Адаптерот е поврзан со процесор.
адаптерски | прид.
Што овозможува приспособување. Системот има адаптерски приклучок.
адаптира | св. и несв.
Приспособи, приспособува за определена функција, намена. Тој го адаптира станот во работна просторија.
адаџо | прил.
прил. Знак за темпо: бавно, полека.
адвент | м.
(црков.) Повторно Христово доаѓање.
адвентизам | м.
Учење според кое набрзо се очекува повторното доаѓање на Исус Христос на земјата, а според тоа и крајот на светот.
адвентист | м.
Приврзаник на адвентизмот; саботјанин.
адвокат | м.
Правен застапник, бранител на обвинето лице во кривична постапка; застапник на една страна во парнична постапка. Обвинетите ги застапуваше способен адвокат.
адвокатува | несв.
Се занимава со правна дејност, работи во функција на адвокат, брани други пред суд. Соседов адвокатува веќе триесет години.