аероплан | м.
Имало некакви аероплани што летаат побрзо од куршум.
аеростат | м.
Воздушен балон.
аеротранспорт | м.
Превоз по воздушен пат. Национален аеротранспорт. Поштенски аеротранспорт.
аждаја | ж.
аждер | м.
Огромно чудовиште, ала, змеј, понекогаш повеќеглав и крилат, што јаде, раскинува луѓе и животни. Аждер морски. Аждер седмоглавец.
ажур | м.
Вез, плетка со шуплики.
ажурен | прид.
Што е точен, уреден, што е навремен во извршувањето на задачите. Секретарката е многу ажурна.
ажурира | св. и несв.
Доведе, доведува до ажурна состојба, уреди, уредува.
азалеја | ж.
Украсна дрвенеста собна билка со крупни бели, розови или црвени цветови без мирис; Azalea indica.
азбест | м.
Влакнест минерал што служи за изработка на несогорливи предмети (на пр. противпожарна облека и др.).