азбестен | прид.

Што е од азбест, што содржи азбест. Азбестен ковчег. Азбестна облека.

азбука | ж.

Утврден ред на буквите за гласовниот систем на еден јазик. Кирилска азбука. Фонетска азбука. Македонска азбука.

азбучен | прид.

Што е составен по редот на буквите во азбуката; што се однесува на азбука. Азбучна картотека. Азбучна молитва.

азбучник | м.

Регистар, список по азбучен ред.

аздиса | св.

Побесне од изобилство во нешто, се возгордее, се прави важен поради благосостојбата. Имаат па аздисале.

Азербејџан | м.

Држава во Кавказ.

Азија | ж.

Континент.

Азијат | м.

Припадник на жолтата раса.

азил | м.

Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.

азилант | м.

Лице што бара и користи азил.