ален | прид.

Алов, светлоцрвен. Ален цвет. Усни алени.

алергија | ж.

Пречувствителност на организмот на извесни материи. Ме фаќаше алергија секоја пролет.

алергичен | прид.

Што страда од алергија, што покажува алергија.

алест | прид.

Алеутски Острови | и.

Острови во Тихиот Океан.

Алжир | м.

Држава во Африка.

Алжир | м.

Главен град на Алжир.

алиби | ср.

Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело. Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби.

алигатор | м.

Вид крокодил што живее во некои реки во Америка и Азија; Alligator missipiensis. Рикањето на алигаторите ја прекинуваше ноќната тишина.

алиенација | ж.

Отуѓување.