алијанса | ж.
Сојуз, лига, коалиција меѓу држави. Света алијанса. Алијанса на народите.
алиментација | ж.
Судски определен износ за издржување на некое лице (жена, дете и др.). Неодамна се разведе од сопругата и му успеа да не плаќа алиментација за децата.
алинеја | ж.
Дел, став, пасус, параграф во текст. Веќе во наредната алинеја писателот употребува категоријално мислење.
алипен | прид.
Што е накажан, сакат, повреден, оштетен. Па не сум јас ниту сакат, ниту алипен, Боже брани!
алитерација | ж.
Повторување на исти или слични гласови во повеќе зборови; два или повеќе збора едноподруго почнуваат со иста согласка. Дојдов дома, донесов дожд.
алишта | и.
Руба, облека. Невестински алишта. Градски алишта. Војнички алишта. Свештенички алишта.
алиште | ср.
Парче од облека: костум, фустан и др. Ќе ми донесеш нишан, некое алиште, некое парталче. Полите му се растворија и се виде алиште не многу пристојно за гледање.
Алјаска | ж.
Сојузна држава во САД.
алка | ж.
Белезица, обрач, обично од метал, за на раце, на нозе, на врат што се носи како накит, предмет во форма на затворен круг. Жените таму како украс вденуваат алка во носот.
алкотест | м.
Утврдување на количина алкохол во крвта.