Анкона | ж.

Град во Италија.

анода | ж.

Позитивна електрода.

аноден | прид.

Што се однесува на анода.

аномален | прид.

Што е неправилен, што е ненормален. Аномална појава.

аномалија | ж.

Состојба, појава која не одговара на она што е нормално; неправилност, ненормалност. Овде се лекуваат аномалии на човечкиот организам, но не и пороци.

анонимен | прид.

Што нема свое име, безимен. Анонимен воден простор без сеќавање и без историја.

анонимка | ж.

Анонимен допис, пријава до надлежен орган.

анонимус | м.

Непотпишано лице.

аноргански | прид.

Што не подлежи на законите на живата, органска природа, неоргански. Анорганскиот свет е свет на целосна независност.