анимација | ж.

Давање живот, оживување, давање душа.

анимира | св. и несв.

Оживее, оживува, даде, дава душа; создаде, создава цртани филмови. Во почетокот на својата кариера тој ги анимира најдобрите кусометражни цртани филмови што беа видени дотогаш.

анимозен | прид.

Што е злобен, непријателски расположен.

анимозитет | м.

Особина на тој што е анимозен; анимозност.

Анкара | ж.

Главен град на Турција.

анкета | ж.

Собирање податоци преку однапред подготвени прашања чиишто одговори нудат информации за определено истражување. Тој вршеше масовни анкети. Овој статистички преглед е направен врз основа на анкетите за потеклото на родовите во село Лабуништа. Анкетата покажа дека мислењата се поделени.

анкетар | м.

Лице што спроведува собирање податоци преку анкета за да се определи општо мислење за одделни прашања. Групата беше составена од десет анкетари.

анкетен | прид.

Анкетен лист. Анкетно испитување.

анкетира | св. и несв.

Собере, собира податоци со помош на анкета, на прашалник. Таа ги анкетира студентите на филолошкиот факултет. Обично новинарите анкетираат ненадејно.