антена | ж.
Спроводник за испраќање и примање радиобранови. Им требаше десетина минути да ја инсталираат антената, а потоа се подготвија за емисијата.
антерија | ж.
Старинска горна облека, долга до под колена или куса до појас. Беше облечен во антерија на риги и модри шалвари.
анти- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење против ‒ која изразува спротивност од значењето на основниот збор: антидемократски, антидржавен, антитеза, антициклон и др.
антиалкохолизам | м.
Движење против уживањето алкохолни пијалаци.
антиалкохоличар | м.
Човек што не пие алкохол, што е противник на употребата на алкохолни пијалаци. Друштво на антиалкохоличари.
антибиотик | м.
Лек што го уништува развојот на микроорганизмите (пеницилин, стрептомицин и др.)
Антига и Барбуда | ж.
Островска држава во Средна Америка.
антидржавен | прид.
Противдржавен. Почнаа претреси кај сомнителните антидржавни елементи.
антика | ж.
(само едн.) Стара грчко-римска култура.
антиквар | м.
Трговец што се занимава со купопродажба на стари предмети и книги. Тој е прочуен антиквар што се занимава со трговија со ретки уметнички дела.