антикварен | прид.

Што се однесува на антикварница. Антикварна книжарница.

антикварница | ж.

Продавница за стари предмети. Таа лично го имаше купено портретот во една антикварница.

антиквитет | м.

Стар предмет со уметничка вредност. На изложбата имаше антиквитети од разни временски периоди.

Антили | и.

Група острови во Карипското Море.

антилоп | м.

Кожа од антилопа. Чантата беше од антилоп.

антилопа | ж.

Вид тропско животно слично на срна што живее во Африка; Antilope cervicarpa.

антимон | м.

Кристален металоид со сребренобела боја што се користи за изработка на легури и др.; симбол Sb.

антимонов | прид.

Што се однесува на антимон. Антимонова руда.

антиномија | зам.

Противречност, спротивност, меѓусебно исклучување на два закона или на два суда (теза и антитеза). Во неговото творештво се препознаваше антиномијата реализам ‒ модерни