аристократија | ж.
Политичко уредување во кое владеат аристократи, благородници; благородништво, висока класа. Револуцијата го искоренува кралството во кралот, аристократијата во благородникот.
аристократски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на аристократ, аристократка и на аристократија.
аритметика | ж.
Дел од математиката; наука за броевите, изразени со бројки, и за сметањето со нив.
аритмичен | прид.
Што се однесува на аритмија.
аритмија | ж.
Неправилен, нерамномерен ритам.
арија | ж.
Пеење со инструментална придружба, најчесто во опера; мелодија, напев. Оперска арија. Позната арија.
арка | ж.
Брод со кој, според Библијата, се спасил Ное од потопот.
аркада | ж.
(архит.) Отворен трем со столбови под низа од арки, лакови. На аркадите и на покривите има модерни варијанти на арабеска.
Арктик | м.
Област во најсеверниот дел од Земјината топка.
Арктички Океан | м.
Океан во Арктикот.