арбитер | м.
Судија. Спортските арбитри не се покажаа во вистинска светлина оваа сезона. Браќата беа арбитри на ова светско првенство.
арбитража | ж.
Судење и пресуда на определен суд. Тој не ја прифати нивната арбитража. Судијата изврши арбитража и со тоа го затвори процесот.
арбитрира | св. и несв.
Земе, зема учество во арбитража; пресуди, пресудува, донесе, донесува оцена за определена ситуација. Претставниците на овие држави арбитрираа во спорот.
аргат | м.
Наемен работник. Аргатите се враќаа од полето. Аргатот стискаше в раце едно парче сув пченкарник. Немаше што да работи, та се стори аргатин.
аргатлак | ж.
Наемна работа. Никој не се збогатил од аргатлак по туѓи ниви.
аргатува | несв.
Работи како аргат, е аргат. Мајка ми преку цело лето аргатуваше за по два гроша на ден во селото. Тој аргатуваше по туѓи ниви.
аргач | м.
Простор пред трло ограден со прачки каде што се чува ситен добиток, обично овци. Овците останаа сами во аргачот, пред колибата.
Аргентина | ж.
Држава во Јужна Америка.
арго | ср.
Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите.
аргумент | м.
Доказ, образложение, тоа со кое може да се докаже нешто. Во случај на спор, неговото присуство е најсилниот аргумент.