аргументација | ж.

Целокупност на документи со кои се докажува нешто. Целата аргументација беше сместена во досието на осудениот. Лажната аргументација беше приложена до надлежниот судија. Научна аргументација.

аргументира | св. и несв.

Изнесе, изнесува аргументи. Таа ја аргументира секоја негова постапка. Доајенот аргументираше со логиката на научник.

Ардени | и.

Планински масив во Европа.

ареал | м.

Област, подрачје на распространетост на некој вид, род, растенија, животни. Во тој ареал одредени растителни видови не успеваат.

арен | прид.

Добар. Арен човек. Арна работа.

арена | ж.

(истор.) Ограден простор на кој во античко време се изведувале разни игри или борби. Гладијаторот страдаше во арената.

аренда | ж.

Закупување на обработливо земјиште. Ја зедов земјата под аренда.

ареса | св.

Почувствува симпатија кон некого, кон нешто. Мајсторот го ареса момичето, го ареса и си го зеде. Свекрвата ја ареса постапката на сватовите.

Ариец | м.

Термин за припадник на индоевропските народи.

арија | ж.

Пеење со инструментална придружба, најчесто во опера; мелодија, напев. Оперска арија. Позната арија.