армада | ж.

Голема воздушна или морска воена флота. Оружјата и армадите што се кревале против неа не можат да се добројат.

армас | м.

Свршувачка. По една недела направија армас. Армасот не им се погоди.

армаса | св.

Посврши; направи свршувачка. За Велигден соседите ја армасаа ќерката.

армасар | м.

Стројник, посредувач за да дојде до свршувачка. Бојан беше единствениот армасар во селото.

армасник | м.

Свршеник. По една година тој ѝ стана армасник. Тие беа армасници неколку години.

арматура | ж.

Метални делови во градежништвото кои претставуваат конструкција што ја држи градбата. Проверката покажа дека арматурата била слаба и затоа се урнале двата столба. Арматурата на мостот попушти бидејќи беше од неквалитетно железо.

армија | ж.

Целокупна воена сила на една држава; војска. Армија на нашата држава.

армира | св. и несв.

Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура. Секоја рамка ја армираа со повеќе редови поцинкуван тел. Тие ги армираа и страничните ѕидови за да ја зацврстат градбата.

армирач | м.

Градежен работник што се занимава со армирање, што армира. Армирачите дојдоа до местото каде што требаше да се гради мостот.

аро | ср.

Стар човек, најчесто во изразот старо-аро.