архивар | м.

Специјалист и службеник во архив. Архиварите ја средуваа документацијата за Институтот. Тој е архивар во нашата општина.

архиварство | ср.

Архивска или архиварска дејност. Сега може да се каже дека архиварството во Македонија има своја традиција.

архивира | св. и несв.

Подреди, подредува, складира и чува документи, списи, акти и слични пишани материјали во определена установа за натамошно проучување и потврдување. Цела недела службата ги архивираше документите. Тие ги архивираат пристигнатите писма.

архивист | м.

Специјалист за проучување архивски материјал, тој што се потпира на архивски истражувања во својата работа.

архиепископ | м.

Поглавар на црковна област од неколку епископии; митрополит.

архиепископија | ж.

Црковна област под управа на архиепископ.

архимандрит | м.

Највисок чин во монашкиот ред; старешина на монасите во манастирите.

архипелаг | м.

Група острови.

архитект | м.

Специјалист по архитектура.

архитектоника | ж.

(архит.) Вештина за складно комбинирање на деловите при градење; наука за градењето.