биринџија | м.
Многу способен човек; првенец. На татка е кавгаџија, на вујко му е биринџија. Прилепски биринџии.
бирник | м.
бирници Тој што собира данок, даночник.
биро | ср.
Одделение на претпријатие, установа. Проектантско биро. Информативно биро.
бирократ | м.
Претставник на бирократскиот систем на управа. Млад бирократ. Градски бирократ.
бирократизам | м.
бирократизација | ж.
Воведување на бирократија; бирократизирање.
бирократизира | св. и несв.
Спроведе, спроведува бирократски методи во управата.
бирократија | ж.
Систем и начин на управување, на владеење на чиновничкиот апарат.
биртија | ж.
Кафеана од ниска категорија. Селска биртија. Оди по биртии.
бис! | изв.
Уште еднаш, повторно; извик со кој се изразува желба за повторување на некоја точка од културна програма. Публиката ракоплескаше, бис, бис!