биосфера | ж.
Целокупниот простор на Земјата и на атмосферата населен со живи организми.
биохемичар | м.
Специјалист по биохемија.
биохемија | ж.
Наука што ги проучува хемиските својства на живите организми.
биполарен | прид.
Што е со два спротивни пола. Биполарно динамо.
бир | м.
Тоа што го давале верниците на манастир или на свештеник, давачка во пари или прехранбени продукти.
бира | ж.
Пиво. Ладна бира. Една бира.
бира | несв.
бирач | м.
биринџи | прид.
Прв, најдобар, најспособен. Биринџи чедо. Биринџи тутун. Биринџија мајстор. Биринџија рибар
биринџија | м.
Многу способен човек; првенец. На татка е кавгаџија, на вујко му е биринџија. Прилепски биринџии.