бисквит | м.

Тенки, тврди колачи од брашно, шеќер и јајца.

бискуп | м.

Католичко свештено лице што управува со бискупија; епископ.

бискупија | ж.

Црковна област со која управува бискуп.

бискупов | прид.

Што припаѓа на бискуп. Бискупов двор. Бискупова капа. Бискупова мисла.

биста | ж.

Вајарско дело што го претставува човечкото тело до појас. Бронзена биста. Мермерна биста. Биста на млад херој.

бистар | прид.

Што е проѕирен и чист; спрот. матен. Бистар кладенец. Бистра вода. Бистра ракија. Бистро езеро. Бистри реки.

Бистра | ж.

Планина во Македонија.

бистри | несв.

Прави нешто да биде бистро. Специјални филтри ја бистрат водата. Рибата чистач ја бистри водата во аквариумот.

бистрина | ж.

Својство на тоа што е бистро, проѕирност. Позната е бистрината на Охридското Езеро.

бистрица | ж.

Бистра вода.